Шпанија
Најдобриот играч на Реал од првиот дел од сезоната: Доживеав пад, не сум истиот по мундијалот

Феде Валверде беше убедливо најдобар играч на Реал Мадрид во првиот дел од сезоната и забележа осум гола и 4 асистенции на 22 меча, но откако се врати од мундијалот, Уругваецот нема никаков учинок во офанзивниот дел на играта.
По крајот на Светското првенство, Валверде одигра на 11 натпревари за Реал и не успеа да постигне ниту еден гол и нема ниту една асистенција, па новинарите во Мароко му поставија прашање на што се должи неговиот пад во формата.
Валверде призна дека разочарувањето со Уругвај на мундијалот во Катар влијаело негативно врз него, но верува дека набрзо ќе се врати во формата која правеше да биде еден од најдобрите играчи во светот на крајот од 2022-ра година.
– Разочарувањето во Катар беше огромно. Отидовме со голем оптимизам и завршивме многу рано. Мундијалот е сон на секое дете и тагата беше огромна по елиминацијата. Но, таков е фудбалот, нема само добри работи во оваа игра.
– Пред мундијалот бев навистина добар, мојата форма беше одлична и сега не сум истиот играч. Има пад во текот на сезона, но најважно е да излезете од неа и да ги пречекате предизвиците со отворени раце. Мора да ја пронајдам формата од пред мундијалот и сигурен сум дека ќе успеам во тоа. Сакам да продолжам по мојот пат, сакам еден ден да бидам капитен на овој тим. Сигурен сум дека моето ниво во блиска иднина ќе биде исто како она пред мундијалот, – изјави Валверде.
-
Шпанијапред 17 часа
Изненадувањето во стартната постава на Чави: Го чекаме Меси во Барса, не го заслужува третманот кој го добива во Париз
-
Германијапред 22 часа
Салихамиџиќ распали по ѕвездите на Баерн, Нагелсман порача: Ако не победиме на дербито, ќе останеме без титула
-
АТПпред 21 час
Медведев со урнебесен говор ги изнасмеа сите присутни по поразот во финалето (Видео)
-
Италијапред 18 часа
Страмачони го нападна Инѕаги: Нема потреба од барање алиби
-
Францијапред 22 часа
Нова серија напади за Лео: Разочараниот Меси немаше време за навивачите на ПСЖ (Видео)
-
Формула 1пред 20 часа
Драматично во Ред Бул: Тензичната конверзација меѓу Ферстапен и Перез по крајот на трката (Видео)
-
Балканпред 21 час
Хрватскиот јунак од СП во Катар со најоригинална објава за Адеми: Ако видиш дека не ги разбираш Кинезите….. (Фото)
-
Шпанијапред 20 часа
Карвахал имаше жесток клинч со третиот голман на Барселона по последниот судиски свиреж (Видео)