Поврзете се со нас

Репрезентација

Најдобриот холандски судија ќе ни суди против Германија

Објавено

на

Најдобрата македонска фудбалска репрезентација веќе во понеделник ја очекува нов предизвик во квалификациите за Светското првенство и тоа битка со првиот фаворит во нашата група селекцијата на Германија.

Средбата се игра на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје со почеток од 20:45 часот, а на истата правдата ќе ја дели најдобриот холандски судија Дани Макели. Тој ја доби довербата и ќе биде на центарот на дуелот во Скопје заедно со неговите помошници  Хесел Стегстра и Јан де Врис, додека четврти арбитар ќе биде Сандер ван дер Ејк.

Кога е во прашање ВАР технологијата за истата ќе биде задолжен Кевин Блом, а асистент ќе му биде Клај Руперти.

Макели ја делеше правдата на дуелот Македонија – Косово во полуфиналето на Лигата на нации и тогаш ние славевме со 2-1 за да потоа во финалето ја добиеме Грузија и обезбедиме историски пласман на ЕП кое се одржа минатово лето.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни