Поврзете се со нас

АТП

Најдобриот грузиски тенисер приведен од полицијата поради физички напад на поранешната сопруга

Објавено

на

Грузискиот тенисер Николоз Басилашвили бележи одличен напредок на АТП листата во последните две сезони, но последните проблеми во приватниот живот може негативно да се одразат на неговата кариера, особено што истите пристигнуваат во години кога треба да ги нуди најдобрите партии.

Басилашвили бил уапсен пред два дена од властите во својата родна земја, откако е обвинет за физички напад врз неговата поранешна сопруга.

Екс сопругата на Грузиецот пријавила физички напад со одредени видни последици на себе, а истиот наводно се случил на 21-ви мај. Басилашвили е уапсен еден ден подоцна, но по брзата реакција на неговата застапничка, познатиот тенисер е пуштен на слобода.

Тенисерот кој во овој момент е 27-ми на АТП листата ја купил својата слобода исплаќајќи ја кауцијата од 29 илјади евра, а допрва ќе треба да се брани од сериозните оптужби на суд во Тбилиси.

Басилашвили имаше проблеми со поранешната сопруга и претходно, а како ќе се заврши цела оваа епизода останува да покажат наредните неколку месеци.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни