Поврзете се со нас

Лига на нации

Најдобриот грузиски фудбалер: Одиме по одмазда во Скопје

Објавено

на

Фудаблските патишта на Македонија и Грузија одново се вкрстија во Лигата на нации, овојпат во групната фаза во Лигата Ц, што е еден ранг повисоко од првата пресметка која ја имаа овие два тима во финалето за влез на Европско првенство.

Македонија тогаш оствари историски успех во Тбилиси и со победа обезбеди историски пласман на едне континентален турнир, победа која се уште им носи свежи рани на Грузијците, што слободно може да се заклучи и од изјавата на нивниот најталентиран фудбалер.

Осоколен од големата победа над Бугарија од 2:5, Квича Кварачелија сега говори за одмазда против македонската фудбалска репрезентација, која му го нанесе најголемото разочарување во неговата кратка кариера.

– Победата која ја остваривме на гостувањето во Бугарија носи голем мотив за сите нас во тимот. Тоа е посебно важно пред гостувањето во Македонија кое е многу важно за нас.

– Во Скопје патуваме со мисли за одмазда за оној пораз во Тбилиси. Сите знаеме дека Македонија ни е должник и сакаме да се реваншираме и да се одмаздиме. Ќе направиме се за да дојдеме до победа во Скопје, не криеме дека наша цел е да бидеме први во оваа група и да бидеме поблиску до пласман на Европско првенство, – вели крилниот напаѓач кој има 21 година за грузиските медиуми.

Натпреварот во Скопје се игра во четврток, а на истиот гостите ќе пристапат со завидна гол разлика од 9:2 на првите два меча кои ги одиграа во групата (2:5 над Бугарија и 4:0 над Гибралтар).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни