Поврзете се со нас

Италија

Најдобриот голман во Серија А пристигна на промоција во Јувентус (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/ACMonza

Јувентус ќе претрпи неколку сериозни промени во тимот под водство на Тиаго Мота, а по најавата за заминувањето на Војчех Шчесни во Саудиска Арабија, клубот од Торино си обезбеди и повеќе од достоја замена.

Микеле Ди Грегорио воодушеви со своите настапи во Монца и беше избран за најдобар голман во Серија А во сезоната во која национален шампион стана Интер, па тоа значи дека Јувентус ќе го добие најразиграниот чувар на мрежата во овој момент.

Ди Грегорио има 26 години и ова утро пристигнал во Торино за да го комплетира трансферот, односно да стави параф на договорот откако ќе ги мине медицинските тестови.

Италијанските новинари веќе пренесоа како Ди Грегорио дели автограми за фановите на Јувентус пред медицинскиот центар, па планот е најдоцна до вечерва да позира со новите обележја.

Голманот првата сезона ќе игра како позајмен играч од Монца за 4 милиони евра, по што Јувентус ќе биде обврзан да го купи за 14 милиони евра.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни