Поврзете се со нас

Италија

Најдобриот дефанзивец на Наполи се извини поради скандалот кој го предизвика во својата земја

Објавено

на

Фото: twitter.com/sscnapoli

Наполи има голема предност во однос на ривалите во Серија А и е блиску до верификација на првото скудето по неколку децении, а голем придонес за ваквата сезона имаат неколку засилувања кои имаат одлична дебитантска сезона.

Еден од нив е дефанзивецот Ким Мин-Јае, кој се покажа како вистински погодок за Лучијано Спалети, а има важна улога и во корејската репрезентација.

Сепак, Ким неочекувано предизвика внимание во Кореја и тоа на негативен начин, бидејќи со една изјава ги налутил своите сонародници.

– Во моментов сум ментално изморен и сакам да се посветам само на клубот, не на репрезентацијата. Немам што да кажам друго, – рекол Ким по поразот на Јужна Кореја од Уругвај, а по жестоките реакции на фановите, дефанзивецот морал да се извини.

– Им се извинувам на тимот и репрезентативците кои беа изненадени од моите зборови. Одиграв многу натпревари, никогаш не се штедев, ова беше ментален колапс, се извинувам уште еднаш и апелирам фановите секогаш да изразуваат поддршка за националниот тим, – вели Ким во извинувањето.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни