Поврзете се со нас

ВТА

Најдобрата шпанска тенисерка позираше топлес и ги запали социјалните мрежи (Фото)

Објавено

на

Foto:instagram.com/paulabadosa

Паула Бадоса замина на заслужен одмор по крајот на сезоната и самата открива дека полни батерии заедно со своето момче на Малдиви, но атрактивната шпанска тенисерка реши да ги почести своите следбеници и со едно провокативно издание.

Бадоса најдобриот ранкинг го имаше оваа година кога своевремено беше втора на ВТА листата, но послабиот крај на сезоната направи да падне на 13-то место.

И покрај тоа, Бадоса во моментов е најдобра шпанска тенисерка, а сега се најде во центарот на вниманието со низата фотографии од егзотичниот одмор, од кои една е навистина провокативна.

Паула се прикажува во топлес издание и експресно се погрижи да стане вистинска сензација на социјалните мрежи, уште повеќе кога се знае дека во овој момент важи за една од најатрактивните светски тенисерки.

Бадоса наполни 25 години пред само пет дена, а по тој повод им приреди навистина убаво изненадување на своите фанови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни