Поврзете се со нас

ВТА

Најдобрата руска тенисерка реши да истапи храбро: Точно е, имам девојка!

Објавено

на

Дариа Касаткина во моментов е најдобра руска тенисерка и се наоѓа на 12. место на ВТА ранкингот, а деновиве реши да истапи храбро и да признае дека е геј.

Русија не е земја во која Касаткина може да очекува сериозна поддршка како хомосексуалец, но вели дека била охрабрена од идентичното признание на фудбалерката Надја Карпова.

– Нема поубаво чувство од кажувањето на вистината, веќе не ме интересира ништо друго.

– Мислам дека е важно влијателните личности од спортот и другите области да зборуваат јавно и отворено на оваа тема, тоа е важно за поддршката на младите луѓе кои се наоѓаат во тешка ситуација.

– Дали имам девојка? Да, – одговорила Касаткина.

Руската тенисерка годинава стигна до полуфиналето на Ролан Гарос, што и е најголем успех на грен-слем турнирите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Daria Kasatkina🐬 (@kasatkina)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни