Поврзете се со нас

Германија

Најдобар опис за потопот: Расплаканиот Терзиќ употреби вулгарен збор откако Борусија остана без титула (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/BVB

Сите навивачи во Дортмунд и цел град беше подготвен за шампионско славје и прекин на десетгодишната доминација на Баерн Минхен, но кога сите очекуваа позитивен исход против Мајнц, на крајот милениците предводени од Един Терзиќ режираа ужасна саботно попладне и фрлија во вода се што градеа цела сезона.

„Милионерите“ требаше да остварат било каква победа против Мајнц за да го одбранат водството кое го имаа пред Баерн Минхен, но на крајот одиграа 2:2 и му дозволија на лутиот ривал да ја освои 11-та титула во низа во Бундеслигата.

Навивачите на Борусија плачеа на теренот и единствено утеха најдоа во „Жолтиот ѕид“ кој беше величествен и во најтешките моменти, а емотивните сцени го трогнаа и Терзиќ.

Тренерот на Борусија се расплака во моментите кога навивачите дадоа поддршка за играчите и покрај големиот шок, по што во првото интервју употреби вулгарен збор и на најдобар начин го опиша потопот.

– Се надевам дека ме сфаќате, во вакви околности не можам да дадам најдобра анализа. Толку многу го посакувавме трофејот, цел тим, целиот град, целиот стадион. Работевме многу напорно за да дојдеме во ваква позиција, имавме огромна шанса, но не успеавме. Се чувствувам како гом.о!

– Кога ќе видите како играчите лежат на тревата, кога ќе ги видите потопени во соблекувалната и кога ќе видите празнина, чувствувате дека ова е неправда. Сепак, Баерн на крајот заслужено е шампион. Тие се први после 34 рунди и не може да биде незаслужено, – изјави Терзиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни