Џини Вајналдум беше посебно голгетерски расположен на вчерашниот натпревар меѓу Холандија и Естонија, на кој ѕвездата на Ливерпул искористи и еден момент за да испрати моќна порака со прославата на годината која ја изрежира во друштво на Френки Де Јонг.
Моментот пристигна веднаш по првиот гол кој го постигна а со кој Холандија го отвори резултатот, кога фановите на „Амстердам арена“ беа сведоци на најоригиналната прослава кога е во прашање борбата против расизмот. Вајналдум и Де Јонг јасно покажаа дека расната разлика не смее да постои во фудбалот, нешто што со години се провлекува како огромен проблем во светскиот и европскиот фудбал.
Georginio Wijnaldum celebrated his goal with an anti-racism message. pic.twitter.com/zENn16FkVj
— ESPN FC (@ESPNFC) November 19, 2019
Facebook Коментари