Поврзете се со нас

Лига Европа

Најцрното сценарио се претвори во најповолно: Тренерот на Динамо со добра вест за Адеми

Објавено

на

Дамир Крзнар беше човекот кој го вклучи алармот по победата на Динамо над Локомотива, бидејќи на хрватските новинари им откри дека нема добро претчувство за повредата која ја заработил Аријан Адеми.

Лекарскиот тим на хрватскиот првак се сомневал во скршеница на стапалото поради отокот кој го имал на ногата, но денеска токму тренерот на Динамо потврди дека сепак се отфрла најцрното сценарио кое секако ќе беше крајно неповолно и за македонската фудбалска репрезентација.

Потенцијална скршеница ќе значеше крај на сезоната и голем шок за Ангеловски пред историскиот настап на Европското првенство, но вечерва Крзнар воочи реванш дуелот со Вилјареал потврди дека ќе може да смета на својот капитен кој експресно заздравил.

– Адеми е здрав, расположен и подготвен за утрешниот натпревар, – изјави тренрот на Динамо пред дуелот кој се игра утре во Вилјареал.

Ова е најава дека Аријан утревечер ќе биде во стартната постава, во која сигурно ќе го гледаме и Стефан Ристовски кој претходно денеска го најави реваншот против Шпанците.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни