Поврзете се со нас

Свет

Најчудниот момент од финалето во Хелсинки: Акробатската дефанзивна реакција на Милитао стана вирален хит (Видео)

Објавено

на

Како што најавуваше со денови, Карло Анчелоти ја извади истата стартна постава за Супекупот против Ајнтрахт како онаа против Ливерпул во финалето во Париз, а епилогот во Хелсинки беше доста сличен и „кралевите“ победија со 2:0.

Новиот трофеј прави Реал Мадрид да ја продолжи својата импресивна 2022-ра година во која стигна до четвртата титула, но наспроти добрата игра во нападот, избраниците на Карло повторно беа доста сигурни и во одбрана.

Реал не прими гол на трето финале по ред и има гол разлика од 5:0, но покрај неверојатниот Куртоа, одговорните за тоа се и дефанзивците.

И покрај пристигнувањето на Ридигер, Едер Милитао си го задржа своето место во стартната постава на Анчелоти за првиот официјален меч во новата сезона, а токму еден негов потег стана вирален хит.

Пожртвуваниот Милитао најпрво го изблокира додавањето со него, но за да не губи време во потенцијален нов дуел, акробатски се одби со рамо од земјата и веднаш продолжи да го следи својот ривал на теренот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни