Најчудниот меч во кариерата на Пандев: Постигна нестварен гол, изнуди пенал, па заработи црвен картон (Видео)

pandev-lecce1

Џенова одигра фантастично прво полувреме и сосема заслужено водеше со 0:2 на гостувањето на „Виа дел Маре“ кај Лече, а уште подобро беше тоа што главна ѕвезда во овој дел од мечот беше македонскито фудбалски мајстор, Горан Пандев.

Искусниот напаѓач го отвори резултатот постигнувајќи маестрален гол од 35 метри, а пред крајот на првиот дел, беше заслужен и за вториот гол на гостите бидејќи тој го изнуди пеналот по кој Кришито погоди за 0:2. По перфектната партија во овој дел од мечот, Џенова повторно покажа голема слабост во продолжение, а токму неконстантноста во текот на 90-те минути е најголемиот проблем со кој се соочува тренерот Мота. Гостите му дозволија на Лече да се врати во игра, Фалко намали на 1:2, а потоа Агудело заработи црвен картон. По ова, Лече експресно израмни на 2:2 во 70-та минута, а уште поголем шок следеше шест минути подоцна, кога Пандев го заокружи можеби и најчудниот натпревар во својата играчка кариера, добивајќи два жолти картони во период од четири минути. Гоче доби црвен картон од судијата и Џенова последните 15 минути ги одигра со 9 играчи, но сепак некако успеа да издржа и освои барем бод.

Facebook Коментари