Поврзете се со нас

Билијард и Снукер

Најбизарен старт на меч во „Крусибл“: Робертсон истури кафе врз себе, па мораше да се преоблекува (Видео)

Објавено

на

Светското првенство во снукер и годинава се одржува во „Крусибл“, а денеска е забележан и најбизарниот старт на еден меч во историјата на најзначајниот турнир во овој спорт.

Австралиецот Нил Робертстон требаше да го започне мечот со Бери Хоукинс, но успеа да истури кафе врз себе, по што направи неочекуван „хаос“, сосема некарактеристичен за еден снукер натпревар на толку високо ниво.

Робертсон мораше да замине во соблекувалната за да се пресоблече бидејќи немаше начин да ја поправи штетата со бришење, па и двајцата играчи се повлекоа уште пред да почне нивната пресметка од осминафиналето.

По првата сесија, Робертсон води со 5:3 против Хоукинс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни