Поврзете се со нас

Лига на нации

Најбизарен меч на „Ернст Хапел“: Австрија-Данска започна без струја, а заврши со огромна дупка на теренот! (Фото)

Објавено

на

НАтпреварот меѓу Австрија и Данска на „Ернст Хапел“ ќе се памети по победата која ја остварија гостите со гол во самата завршница, но и по чудните настани кои направија овој меч да биде најбизарен во историјата на Лигата на нации.

Средбата започна со долго задоцнување поради тоа што немаше струја во добар дел од градот Виена и истиот стартуваше 90 минути подоцна, а откако заврши после полноќ, следеше нова луда сцена.

Имено, непосредно по последниот судиски свиреж, беше забележана голема дупка на средината на теренот на познатиот австриски стадион, која навистина никој не знае како се појави.

Ненадејната празнина ќе беше многу опасна за фудбалерите доколку се појавеше во текот на мечот, но за среќа, никој не настрада поради овој недостаток кој сигурно сега ќе биде истражен од страна на Австријците.

Фудбалерите не можеа да поверуваат што гледаат, па дел од нив и проверуваа колку е длабока дупката која се направи на теренот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни