Најбараниот фудбалер во Европа направи избор, Ливерпул, Јунајтед, Барселона и Јувентус останаа со празни раце

leon-goretzka

Леон Горецка веќе извесно време важи за најбараниот фудбалер во Европа, не само поради своите спектакуларни настапи во дресот на Шалке 04, туку и поради фактот што неговиот договор со клубот од Гелзенкирхен истекува на крајот на актуелната натпреварувачка сезона.

Суперталентираниот играч за врска е слободен да преговара со било кој клуб во овој момент и да донесе конечна одлука за својата иднина, а ова попладне шпанска „Марка“ излезе со своја ексклузива дека ѕвездата на Шалке направила избор кој нема сигурно да им се допадне на Барселона, Ливерпул, Манчестер Јунајтед и Јувентус, дел од клубовите кои беа најзаинтересирани за неговиот потпис.

Како што тврди угледниот мадридски медиум според свои инсајдерски информации, Горецка донел конечна одлука да го следи чекорот на Мануел Нојер, па од наредната сезона ќе го носи дресот на германскиот шампион Баерн Минхен. Доколку се обвистинат тврдењата на „Марка“, Баерн дефинитивно ќе добие суперталентиран организатор на играта за во иднина и еден од најголемите потенцијали во германскиот фудбал.

Facebook Коментари