Лига на шампиони
Најавите се потврдија: Елмас во стартната постава со специјална улога, Милан со очекувани почетни 11 (Фото)

На еден час пред почетокот на вторите четвртфинални дуели во Лигата на шампионите, дојдоа официјалните постави за кои се одлучија тренерите, а вечерва во фокусот беше стартните 11 на Наполи.
Како што беше најавено, Елиф Елмас добива место во стартната постава на Спалети во отсуство на Осимен и Симеоне, со тоа што добива и специјална улога и се очекува да игра како „лажна деветка“.
Македонскиот репрезентативец е поставен во нападот на Наполи заедно со Квича Кварацхелија, а трет офанзивец ќе биде и Мексиканецот, Ирвинг Лозано. Останатите осум играчи се Мерет, Ди Лоренцо, Рахмани, Ким, Марио Руи, Ангиса, Лоботка и Зиелински.
На спротивната страна, Милан излегува со очекувани стартни 11, кои официјалниот профил на клубот ги најави како 11 лавови:
Мењон, Калабрија, Кјаер, Томори, Тео Ернандес, Бенасер, Тонали, Дијаз, Круниќ, Леао и Жиру.
📃 I NOSTRI 11: Meret, Di Lorenzo, Rrahmani, Minjae, Mario Rui, Anguissa, Lobotka, Zielinski, Lozano, Elmas, Kvaratskhelia.#MilanNapoli #UCL
💙 #ForzaNapoliSempre pic.twitter.com/XJRcQ96Sup— Official SSC Napoli (@sscnapoli) April 12, 2023
11 leoni 🦁💪#MilanNapoli #UCL #SempreMilan pic.twitter.com/I0IrUyAsDz
— AC Milan (@acmilan) April 12, 2023
-
Шпанијапред 20 часа
Анчелоти за партијата на ветеранот: Имаше лош меч, но немој да го вперувате прстот кон него!
-
Англијапред 20 часа
Мадисон му испрати „отровна стрела“ на Сака по крајот на тензичното дерби (Видео)
-
Италијапред 17 часа
Капитенот на Наполи избра страна по конфликтот меѓу Осимен и Гарсија
-
Шпанијапред 21 час
Мората потсети на една незаборавна изјава на Чоло откако му даде два гола на Реал: Дечињата од Мадрид…..
-
Италијапред 20 часа
Мурињо: После ова што го видов, веќе никогаш нема да кажам лош збор за „Олимпико“
-
Италијапред 22 часа
Наполи продолжи да губи бодови, Де Лаурентис се јави со интересна реакција
-
Англијапред 21 час
Покетино по новата катастрофа на Челси: Ни недостасува само едно нешто
-
Англијапред 22 часа
Менаџерот на Лидс покажа како се „лепи“ топка, навивачите збеснаа на трибините (ВИДЕО)