Поврзете се со нас

Одбојка

Најавите се остварија, Струмица доведе уште еден репрезентативец

Објавено

на

Најдобриот македонски одбојкарски клуб Струмица обезбеди уште еден репрезентативец како засилување за натпреварувачката 2024/2025.

Првакот ги доведе Филип Маџунков, Филип Лепидовски, Дарко Ангеловски-Шаби за да сега се пофали и со потписот на Стојан Илиев.

Илиев ќе биде уште една опција за тренерот Кире Ричлиев кој интензивно ја подготвува екипата за соочувањето со Олимпијакос во Лигата на шампионите.

Инаку Струмица во овој преоден рок го ангажираше и украинскиот интернационалец Роман Волков.

Првака средба против грчкиот тим е закажана за 17 септември во салата Парк од 19 часот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни