Поврзете се со нас

НБА

Најавите се остварија: Богдановиќ ја замени Атланта со Лос Анџелес

Објавено

на

Капитенот на српската кошаркарска репрезентација, Богдан Богдановиќ има нов клуб во НБА лигата.

Во изминатиов период доста се говореше дека Богдановиќ ја ја напушти Атланта Хокс и ќе се пресели во Лос Анџелес, најави кои се остварија со мала промена затоа што се споменуваше Лејкерс, а тој заврши во соседот Клиперс.

Имено Клиперс ги испрати во Џорџија Теренс Мен и Боунс Хајланд, плус три пика од втората рунда на драфотот за да го обезбеди одличниот шутер. Ова за Богдан ќе биде трет НБА клуб, претходно беше дел и од Сакраменто Кингс.

Кога се во прашање играчите од овие простори, Василије Мициќ и Јусиф Нуркиќ исто имаат нови тимови, Србинот во размената меѓу Шарлот и Феникс заврши во редовите на Санс, додека Босанецот пристигна во Хорнетс. „Сонцата“ од оваа зделка го добија и Коди Мартин.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни