Шпанија
Најавите се обвистинија: Шпанија експресно го назначи наследникот на Луис Енрике (Фото)

Шпанската фудбалска Федерација реши брзо да реагира по крајот на Светското првенство во Катар, па иако ја одложи конечната одлука за Луис Енрике се до враќањето на експедицијата во родната земја, ова попладне пристигнаа две важни вести во краток временски интервал.
Првиот човек Луис Рубиалес му врачи отказ на Луис Енрике и покрај желбата на Лучо да остане во репрезентацијата, но како што веќе беше најавено, веќе е реализирана и втората важна одлука.
Шпанците експресно го објавија името кое ќе го замени Лучо на селекторската функција, а тоа е човекот кој досега работеше во У21 тимот на „црвената фурија“.
Луис де ла Фуенте е конечниот избор на шпанската фудбалска Федерација, но воедно и наједноставниот со оглед на тоа што досегашниот селектор на репрезентацијата до 21 година има работено во сите младински категории.
Новиот селектор своето деби ќе го има во месец март наредната година, кога ќе започна квалификациите за Европското првенство во 2024-та година.
🔴 OFICIAL | La @RFEF confía en Luis de la Fuente como nuevo seleccionador nacional @SEFutbol
✏️ La junta directiva debe aprobar el nombramiento el próximo lunes
🔗 https://t.co/Pj4Wf6McMx#VamosEspaña pic.twitter.com/V3iIvR5EUx
— RFEF (@rfef) December 8, 2022
-
Светпред 18 часа
Фановите на Реал на големо ја прославија победата на Ал Хилал: Причина е Артуро Видал (Видео)
-
Шпанијапред 9 часа
Најдобриот играч на Реал од првиот дел од сезоната: Доживеав пад, не сум истиот по мундијалот
-
Шпанијапред 22 часа
Неверојатни бројки зад името на Столе: Само еден голман во Ла Лига е подобар од Димитриевски (Фото)
-
Италијапред 17 часа
Демирал ќе собира финансиски средства со дрес од Роналдо: Разговарав со Кристијано (Фото)
-
Италијапред 18 часа
Влаховиќ го прекина долгиот пост од месец октомври и донесе победа за Јувентус (Видео)
-
НБАпред 9 часа
ЛеБрон го собори рекордот на Абдул-Џабар, Лејкерс загубија во историската ноќ (Видео)
-
Англијапред 21 час
Рио тврди: Бруно не можеше да се конектира со Роналдо, сега добро гледаме…
-
Шпанијапред 19 часа
„Марка“ демантира: Перез точно знае кога ќе одлучува за иднината на Анчелоти