Боречки спортови
Најава за враќање на Хабиб во октагоните: Ако Чарлс го победи Махачев, тој ќе се врати

Легендарниот дагестански УФЦ борец, Хабиб Нурмагомедов веќе две години ужива во „пензионерските“ денови откако се реши да се повлече од овој опасен боречки спорт.
Хабиб беше најдобриот УФЦ фајтер во категорија до 70 килограми, а по неговото повлекување местото му го зазеде Бразилецот, Чарлс Оливеира.
Оливеира на есен ќе се бори со добриот пријател на Хабиб, Ислам Махачев кој го предизвика борецот кој има 11 победи со ред во октагоните.
Некогашниот тренер на Американската кик-бокс академија, Леандро Виеира смета дека во случај Чарлс да го победи Дагестанецот, Махачев, Хабиб би можел да се врати во октагоните за да го освети неговиот пораз.
– Убеден сум дека Хабиб нема да има избор, туку да се врати во октагонот ако Оливеира го победи неговиот пријател. Ќе мора да го освети тој пораз,- изјави Леандро Виеира.
Сепак, според оние кои го следат ММА спортот, мали се шансите Хабиб да се врати во октагоните без оглед на исходот од споменатата борба.
-
Англијапред 22 часа
Фудбалер на Кристал Палас добива смртни закани поради црвениот картон на Нуњез
-
Англијапред 24 часа
Челси договори засилување од редовите на Интер
-
Шпанијапред 7 часа
Димитриевски се најде во тимот на колото во најквалитетните лиги во Европа (ФОТО)
-
Англијапред 6 часа
Илон Маск твитна дека го купува Јунајтед, па се повлече: Ова беше…
-
Формула 1пред 6 часа
Нови ветришта: Уредот кој му донесе шест титули на Хамилтон ќе биде повлечен од Формула 1
-
Англијапред 9 часа
Илон Маск твитна дека го купува Манчестер Јунајтед
-
Англијапред 7 часа
Барселона го одредила буџетот за трансферот на Силва
-
Шпанијапред 18 часа
Барселона се впушти во акција за дефанзивец на Вилјареал, „жолтата подморница“ експресно ги „поздрави“ каталонците