Поврзете се со нас

Германија

Најава за тензични денови во Минхен: Компани отстранил голема германска ѕвезда од првиот тим на Баерн

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/FCBayern

Баерн Минхен вечерва игра натпревар против Улм во германскиот Куп, а во најавата за истиот, пристигна една вест за Леон Горецка која како бомба одекна во европската јавност.

Искусниот играч за врска го остави зад себе најтешкиот период како играч на Баерн Минхен, но очигледно најлошото останува пред него, откако Венсан Компани денеска одлучил да го отстрани од првиот тим.

Новиот тренер на Баерн по се изгледа не смета на Горецка за новата сезона и тоа јасно го става до знаење со денешната одлука, по која Горецка бил приморан да тренинра индивидуално и одвоено од тимот кој се подготвува за мечот со Улм.

Белгискиот стручњак има други идеи и замисли за средниот ред и побарал од управата по секоја цена да го продаде Горецка, бидејќи не сака во тимот да има играч кој во иднина би ја нарушувал атмосферата.

Оперативците на Баерн сега ќе имаат тешка задача да пронајдат заеднички јазик со играчот кој со години беше клучен во системот на Баерн, а притоа и да го продадат до крајот на летниот преоден рок.

Угледните германски новинари информираат дека Горецка до овој момент нема никаков план да си оди од Минхен, па јасно е дека следуваат тензични денови на Забенер штрасе.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни