Поврзете се со нас

АТП

Најава за спектакл: Ѓоковиќ и Надал ќе ја предводат тениската елита во Ријад

Објавено

на

foto:twitter.com/LaverCup

Саудиска Арабија се повеќе и повеќе е активна на спортската сцена, поточно сака оваа земја да се најде на мапата на важни настани.

Познато е колку пари вложуваат во фудбалот, голфот исто така е во фокусот, а се прават напори и тенисот да добие место и биде високо на агендата.

Токму кон ова води најавата дека во месец октомври ќе се одржи еден голем настан под име „6 KINGS SLАM“ (Слем на шесте кралеви) во кој ќе настапат Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал, Јаник Синер, Данил Медведев, Карлос Алкарас и Холгер Руне.

Овој турнир ќе се организира за време на АТП сезоната, но датумот се уште не е познат. Нема информации за тоа каков ќе биде и форматот, но во секој случај ќе биде богат настан кој ќе привлече големо внимание кај светската тениска јавност.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни