Англија
Најава за сензационален кам-бек во Премиер лигата: Џерард стапил во контакт со уште еден поранешен соиграч

Луис Суарез беше клучен фактор во освоената титула на Атлетико Мадрид минатата натпреварувачка сезона, но со оглед на возраста и ефектот кој го има во последно време, актуелниот шпански првак не планира да му го продолжи договорот кој истекува на крајот на оваа сезона.
Уругваецот за неколку дена ќе наполни 35 години и многумина предидуваат дека ќе се врати во Јужна Америка, но последната вест е дека „Ел Пистолеро“ одбива понуди од Бразил и Уругвај за да остане во Европа.
Истата доаѓа од новинарот кој му правеше ексклузивно интервју во месец ноември минатата година, познатиот Жерард Ромеро кој е актуелен по своите емисии на Твич.
Во својата објава на Твитер, Ромеро најавува сензационално сценарио кога е Суарез во прашање, бидејќи смета дека тој може да го следи чекорот на својот поранешен соиграч од Барселона, Бразилецот Кутињо.
Познатиот новинар вели дека Стивен Џерард веќе стапил во контакт со Суарез за да го засили неговиот напад во Астон Вила, а Уругваецот со добри очи гледа на овој проект и ќе чека официјална понуда од клубот од Бирмингем за можно сензационално враќање во Премиер лигата на залезот на кариерата.
-
Шпанијапред 23 часа
Азар се врати и му ја скрши ногата на противникот, играчот на Кадиз покажа како изгледа стапалото (Видео)
-
Англијапред 24 часа
Џака распали по соиграчите откако Арсенал си ги упропасти шансите за пласман во ЛШ: Седете си дома!
-
Францијапред 22 часа
Премиерлигаш се обидел да ја искористи „битката“ на ПСЖ и Реал за Мбапе
-
Италијапред 20 часа
Ди Марија му рекол „да“ на најзагреаниот клуб за неговиот потпис
-
Италијапред 23 часа
Сари: Милинковиќ-Савиќ нема да оди во Јувентус
-
Англијапред 16 часа
Фердинанд: Јунајтед е еден од најлошите клубови во светот за испраќање легенди!
-
Лига на шампионипред 19 часа
Чеферин со најава за големото финале во ЛШ: Реал има слаба одбрана, но девет животи!
-
НБАпред 22 часа
Голем скандал: НБА играч и се заканувал со пиштол на својата партнерка