Поврзете се со нас

Италија

Најава за пеколна битка за Скудетото: Осум бода е разликата меѓу првото и петтото место во Серија А

Објавено

на

Со дуелот во Торино во кој Јувентус ја совлада Верона со 2-0 беше затворено 27. коло во Серија А, коло во кое ниту една од трите водечки екипи не успеаа да забележат победа, па имаме навистина интересна ситуација на 11. рунди до крајот.

Интер останува лидер со 58 бода, ама неговата предност е минимална, предност која може да ја стигне и петтопласираниот Лацио кој има „само“ осум поени помалку од бранителот на пехарот.

Наполи е на минус еден од „нероаѕурите“, Аталанта на минус три, додека Јувентус застанува шест поени што дефинитивно е најава за пеколна завршница на Калчо шампионатот.

Треба да се напомене дека Интер игра во ЛШ, додека Наполи, Аталанта и Јуве немаат никакви обврски во Европа и домашниот Куп, додека Лацио настапува во Лига Европа што значи можно е да имаме голема драма во една од најквалитетни фудбалски лиги на стариот континент.

Standings provided by Sofascore
Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни