Шпанија
Најава за огромни промени на „Месталја“: Малезиски принц ќе ја спасува Валенсија!

Валенсија е шпански фудбалски великан кој минува низ многу тешки моменти оваа сезона, истите предизвикани од страшната криза која ја предизвика коронавирусот, поради која клубот беше приморан да ги продаде сите најголеми ѕвезди изминатиот летен преоден рок.
Иако газда на клубот е сингапурскиот магнат Питер Лим, огромните загуби и лошата политика направија работата на Валенсија да се коси со фер плеј правилата на УЕФА, па откако тимот беше значително ослабен пред неколку месеци, „лилјаците“ сега се наоѓаат во ситуација да се борат за опстанок во елитата.
Оваа агонија секако ги разочара фановите кои веќе немаат никаква верба во сингапурскиот милијардер, кој сега и официјално се обидува да пронајде начин да го намали товарот, откако принцот од Џохор (јужна Малезија) навести дека ќе биде дел од Валенсија започнувајќи од месец јуни. Членот на кралското семејство од Џохор ги искористи социјалните мрежи и сподели документи за тоа колку вреди Валенсија во овој момент (408 милиони евра), но испрати и директна порака дека ќе работи за „лилјаците“ во блиска иднина.
Засега, останува непознато дали тој ќе биде нов газда и ќе го купи клубот од Лим, или ќе биде еден од поголеми акционери во друштво на досегашниот газда кој инаку е негов добар пријател.
– Јас не сум бизнисмен, јас сум принц, парите не ме мотивираат. Ме мотивира славата и правењето историја. Не е тајна дека јас го сакам фудбалот, голем фан сум на оваа игра и не сум нов во фудбалот. Формирав клуб во Џохор и станавме шампиони. Освоивме 16 титули во 8 години. Сакам да ја зголемам својата фудбалска империја и сакам нови предизвици. Јас не сум некој кој ќе го менува грбот на клубот или традицијата. Јас сум од кралско семејство и не сакам бизниси.
– На Валенсија и се потребни луѓе кои разбираат фудбал, луѓе со голема глад и кои имаа страст. Како прво, во Валенсија се потребни фудбалски луѓе, – порачува принцот Тунку Исмаил.

- Шпанијапред 18 часа
Фудбалерите на Реал со уште еден потег покажаа колку им значи клубот: Донеле заедничка одлука за…
- Италијапред 19 часа
Пандев веројатно ќе си оди, но друг Македонец ќе го замени и ќе заигра за Џенова од следната година
- АТПпред 16 часа
Ѓоковиќ откри кој е неговиот најголем сон: Не сакам да бидам неблагодарен…
- Англијапред 18 часа
Тухел презадоволен по победата над Сити испофали еден фудбалер: Го победивме најдобриот тим во Европа
- Англијапред 20 часа
Солскјер не се откажува и верува во чуда: Многу почудни работи се случиле досега
- Германијапред 21 час
Легендата на Баерн која го најави заминувањето на Флик: Стојам зад својот збор, знам кој ќе биде нов тренер
- Шпанијапред 16 часа
Нов проблем за Реал: Зидан нема да може да смета на уште еден важен играч за пресметката со Хетафе
- Англијапред 17 часа
Реал Мадрид го обновил интересот за фудбалер на Манчестер Сити