Свет
Најава за многу картони: Фудбалерите нема да смеат да им се доближуваат на судиите
Фудбалерите мора да го прифатат ризикот при евентуалното продолжување на сезоните за време на пандемијата на коронавирусот, но истовремено мора и да ги почитуваат протоколите за однесување на теренот.
Покрај тоа што не смеат да се поздравуваат со противниците и да ги прославуваат погодоците како досега со соиграчите, фудбалерите ќе мора да внимаваат и на однесувањето со судиите.
Ако и досега нивните пожестоки приговори беа казнувани со жолт картон, отсега судиите ќе имаат право да покажат картон ако играчите им се доближат поблиску од два метра.
Ова е правилото кое го најави одговорниот за италијанските судии, Никола Рицоли, мерка која Италијанците сакаат да ја вклучат во протоколот, а веројатно ќе биде преземена и во Шпанија и Англија.
Рицоли вели дека и самите судии стравуваат за своето здравје и се во ризична позиција, па затоа поблизок контакт ќе биде „наградуван“ со жолт картон. Право на комуникација, како што и во моментов е пропишано, ќе има само капитенот, но и тој треба да одржува дистанца од два метра во однос на судијата.
Јасно е дека на судиите ќе им биде тешко да го регулираат ова прашање, но барем ќе имаат дозвола да казнуваат кога ќе сметаат дека фудбалерите се однесуваат некоректно.
-
Репрезентација23 часа
Миовски: Болно е да примите гол во последните десет секунди, но ова…
-
Светски првенства23 часа
Поранешен велшки репрезентативец за драмата во Скопје: Велс имаше јасен план, а ремито е како победа
-
Шпанија15 часа
Лопетеги не се кае: Повторно би ја прифатил понудата од Реал, совеста…
-
Светски првенства14 часа
Бразилците пропаднаа на „Монументал“, Аргентина обезбеди билет за СП (ВИДЕО)
-
Светски првенства11 часа
Велшаните критикуваа, Белами врати: Се надевам ќе му подигнат статуа!
-
АТП14 часа
Музети тргна моќно, па беше разбиен од Ѓоковиќ во Мајами (ВИДЕО)
-
Репрезентација23 часа
Елмас: Жал ми е, испуштивме три големи бода…
-
Светски првенства13 часа
Белами: Очекував повеќе од Македонија, заслуживме да победиме!