Италија
Најава за голема промена: Милан ќе се ослободува од најголемите ѕвезди во летниот преоден рок

Милан имаше одличен почеток на годината и го освои Супер Купот на Италија со победи над големите ривали Јувентус и Интер, меѓутоа потоа постепено почнаа да се појавуваат проблеми под водство на новиот тренер Сержо Консеисао, проблеми кои кулминираат во последно време со елиминацијата од Лигата на шампионите и катастрофалната форма во Серија А.
„Росонерите“ паднаа дури на 9. место во шампионатот и во моментов постои огрома опасност не само да остане без ЛШ, туку и без место во европските купови.
Дали Милан ќе може да се врати во ритам, да направи пресврт останува да видиме, но во меѓувреме „Газета Дело Спорт“ најавува големи промени на „Сан Сиро“ во летниот преоден рок. Реномираниот италијански медиум пренесува дека клубот ќе ги стави на продажба најголемите ѕвезди Тео Ернандес и Рафаел Леао, двајца играчи кои беа клучни при освојување на последното Скудето на екипата.
Наводно двајцата можат да бидат седнати и на клупа почнувајќи од средбата со Лече што секако ќе биде храбра, ама и ризична одлука затоа што без разлика што Тео и Леао не се во најдобар форма, тоа се играчи со квалитет кои знаат да направат разлика и да решат натпревари со еден потег.
Дефанзивецот има договор до 2026, а офанзивецот до 2028 година.
-
Свет9 часа
Атрактивен гол на ветеранот: Мајсторијата на Меси го најави пресвртот на Интер Мајами (ВИДЕО)
-
Свет23 часа
Трапановски даде гол и се помоли за жртвите во трагедијата во Кочани (ВИДЕО)
-
Италија19 часа
Интер ја реши Аталанта и се зацврсти на врвот во Серија А (ВИДЕО)
-
Италија11 часа
Мота: Оставка? Тоа е премногу лесно…
-
Шпанија19 часа
Барселона со пеколен пресврт го сруши Атлетико на „Метрополитано“ (ВИДЕО)
-
Шпанија11 часа
Симеоне за неверојатниот пресврт на Барселона: Направив грешка со една измена
-
Англија23 часа
Крај на чекањето: Њукасл освои трофеј во англискиот фудбал по 70 години (ВИДЕО)
-
Италија21 час
Дел Пјеро по новиот пораз на Јувентус: Седум примени гола на два меча…