Поврзете се со нас

Англија

Најава за голем трансфер: Роналдо сака да се врати во Јунајтед!

Објавено

на

Најголемата португалска фудбалска ѕвезда, Кристијано Роналдо сака да си замине од Јувентус и да се врати во Манчестер Јунајтед.

Оваа информација во јавноста ја трасираше реномираниот италијански медиум „Газета Дело Спорт“ кој тврди дека напаѓачот има желба да направи „кам-бек“ на „Олд Трафорд“ и притоа е подготвен да се откаже од дел од високите примања за да се реализира овој трансфер.

Наводно Роналдо е незадоволен во Торино, тим кој има и финансиски проблеми што беше и главна причина за нивната вкученост во проектот Суперлига кој брзо се распадна по бурните реакции на јавноста и навивачите.

Кристијано е спремен да заборави на годишната плата од 31 милион евра која ја зема во Јувентус и да дојде во Манчестер каде не би имал помала заработка од 20 милиони евра.

На Јувентус му се потребни најмалку 29 милиони евра од продажбата на ѕвездата, но би прифатил и размената во која би бил вклучен Пол Погба со тоа што прашање е колку премиерлигашот би бил заинтересиран за таква зделка.

Да потсетиме, Португалецот се вивна на големата сцена како член на „црвените ѓаволи“ во периодот од  2003 до 2009 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни