Поврзете се со нас

Италија

Наинголан со вулгарен коментар за замената на Милинковиќ-Савиќ во Лацио: Тој е една обична…….

Објавено

на

Foto:instagram.com/radja_nainggolan_l4

Раџа Наинголан не доби доволно атрактивни понуди од Европа и замина да игра фудбал од Индонезија, но и оттаму останува во контакт со медиумите од Италија кои знаат да го контактираат од време на време.

Како поранешен член на Рома, Раџа направи своја анализа за последното 183-то римско дерби на „Олимпико“, а победата на Рома го натера посебно да распали кон еден играч на Лацио.

Матео Гендузи влезе во клинч со Пауло Дибала и нервозниот Аргентинец му одговори со брутална провокација, но сега на тоа се надоврза и „нинџата“ Раџа кој употреби навистина вулгарен речник за повремениот француски репрезентативец.

– Како може играч како Гендузи да игра за Лацио. За мене, тој е само една обична пи..а! Како може да продадете играч како Милинковиќ-Савиќ и него да го замените со играч како Гендузи.

– Тој знае само да трча, нема ниту еден друг квалитет. Не е брз, не е издржлив и според мене, тој не е достоен за Лацио. Гендузи е обичен фудбалер, Данкан од Фиорентина секогаш би имал предност во мојот тим, – порачал Наинголан во стрим разговорот со „Калчомеркато“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни