Наинголан: Преплашен сум за мојата ранлива Клаудија

radja-1

Раџа Наинголан прифати да го напушти Интер и се врати во Калјари за да биде блиску до својата сопруга која се бори со рак, но битката против тешката болест сега не е единствена грижа за неуморниот играч за врска кој признава дека е преплашен поради ситуацијата со коронавирусот.

Добро познато е дека новиот вируст во најголем дел од случаите е фатален за оние кои имале историјат со потешки заболувања, а бидејќи таков е случајот со неговата Клаудиа, Раџа признава дека се плаши да отиде и до супермаркет по набавка на основни продукти за прехранување.

– Коронавирусот е голем проблем за мене, со мојата сопруга зборуваме само за ова. Ни велат да ги избегнуваме болниците и терапиите се стопирани во овој момент. Сите се надеваме деак работите ќе се вратат во нормала, бидејќи Клаудиа и натаму има слаб имунолошки систем. Кажано е да избегнува болници, таа е на листа не чекање и чека дозвола за да добие терапија. Дури и кога одам на пазарење, свесен сум од ризикот на фаќање на вирусот. Кога се враќам дома, преплашен сум дека можам да и го префрлам вирусот на неа, но многу сум внимателен и мислам дека се правиме добро. Веќе го минавме најтешкиот период, работите треба да почнат да одат во правилна насока од сега, – порача Наинголан.

Facebook Коментари