Свет
Наинголан: Ме уапсија како да сум Пабло Ескобар

Раџа Наинголан беше уапсен од белгиската полиција поради можна инволвираност во шверц на кокаин, но откако играчот за врска ги минал сите процедури и почетни испрашувања, веќе неколку дена нормално си ги извршува своите фудбалски обврски.
„Нинџата“ Раџа настапува за второлигашот Локерен Темсе и вели дека потворно размислува само на фудбалот, откако минал низ навистина непријатни моменти на крајот на месец јануари.
Поранешната ѕвезда на Рома беше лишена од слобода на 24 часа поради активна истрага за шверц на кокаин од Јужна Америка во Европа, но засега властите немаат ниту еден директен доказ против фудбалерот кој е пуштен да си ги извршува своите секојдневни активности.
– Не ми беа поставени никакви директни прашања за дрогата, едноставно поставуваа прашања за друга личност врз која има опширна истрага. Да бидам искрен, воопшто не ми беше пријатно во притвор и тоа е искуство кое не би сакал повторно да го доживеам.
– Ме претставија како дилер на дрога, ме уапсија како најголем криминалец, а 24 часа подоцна тренирав со својот тим. Се однесуваа со мене како да сум Пабло Ескобар, иако јас немам никаква врска со случајот за кој ме испрашуваа. Станува збор за случај во кој е вклучен мој пријател, – открива Наинголан.
-
Балкан12 часа
Панчев воспоставил конекции за остварување на голема цел: Хуманитарни натпревари меѓу Вардар-Звезда и Македонија-Србија
-
Свет23 часа
Атрактивен гол на ветеранот: Мајсторијата на Меси го најави пресвртот на Интер Мајами (ВИДЕО)
-
Англија18 часа
Ова никогаш не му се случило: Салах со негативен рекорд во поразот од Њукасл
-
Англија19 часа
Руни бил блиску да игра за друга репрезентација: Тоа ќе беше одлично
-
Италија23 часа
Гасперини: Судијата го уништи натпреварот со Интер
-
Англија22 часа
Постекоглу влезе во конфликт со навивач на Тотенхем, Тел мораше да ја смирува ситуацијата (ВИДЕО)
-
Свет21 час
Рамос шутна противнички играч и заработи директен црвен картон (ВИДЕО)
-
Репрезентација14 часа
Трогателна сцена од тренингот на Македонија: Обединети во тагата (Фото)