Наинголан ја одработи казната, подготвен е за дербито

Nainggolan Eusebio Di Francesco

Играчот од средината на теренот, Раџа Наинголан новата 2018 година не ја започна баш како што посакуваше, па новогодишните лудории му донесоа казна од 100.000 евра и не беше во комбинација за средбата со Аталанта која Рома ја загуби со 2-1.

Меѓутоа таа казна веќе и минато, клубот му прости и тренерот Еузебио Ди Франческо потврди дека тој ќе биде стратер на дербито против Интер кое се игра на 21 јануари.

-Нема проблем со Наинголан. Раџа ќе биде стартер против Интер. Раџа се извини и застана до нашата управа на трибините на средбата против Аталана. Ние направивме етички избор, сега продолжуваме понатаму, -порача предводникот на клубот од Рим.

Facebook Коментари