Поврзете се со нас

Европски првенства

Награди за кошаркарските јунаци: Јаничиќ МВП на Европското првенство, двајца Македонци се најдоа во идеалната петорка

Објавено

на

Foto:kfsm.mk

Македонските кошаркарски јуниори пререснаа во национални херои во изминатите неколку дена, патешествие кое го комплетираа со освоен трофеј на Европското првенство кое се одржа во нашата престолнина.

Скопје беше домаќин на Европското првенство од Б дивизијата, но по осум остварени победи на осум одиграни меча, Македонија се закити со првото место и обезбеди пласман меѓу европската елита (А дивизија).

До таков успех избраниците на Андреевски стигнаа уште со пласманот во големото финале, но вчера самите се погрижија турнирот да биде незаборавен со уште една победа во завршното сценарио.

Македонија ја надигра Австрија и доминантно стигна до пехарот, а по крајот на мечот, индивидуално одличје доби и најдобриот играч во нашиот тим.

Никола Јаничиќ беше избран за МВП на европскиот турнир во Скопје, награда која ја доби по гласање на 22-та селектори кои беа дел од натпреварувањето во изминатите 10-тина дена.

Јаничиќ е капитен на нашиот јуниорски тим и вистински лидер на теренот, нешто што го потврди и со 30 постигнати поени на вчерашниот финален меч.

Сосема очекувано, Јаничиќ се најде и во идеалната петорка на Европското првенство во Скопје, а таму доби друштво од уште еден македонски репрезентативец, Марко Луканоски. Останатите тројца се Имран Суљановиќ и Фун Шот од Австрија, како и Бугаринот Александар Гаваљугов.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни