Поврзете се со нас

Англија

Наградата за „Играч на месецот“ во Премиер лигата пристигна во Фулам по пауза од 14 години

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/FulhamFC

Премиер лигата денеска го соопшти името на фудбалерот кој го доби признанието за Играч на месецот март, а тоа му припадна на Родриго Муњиз од редовите на Фулам.

Напаѓачот на лондонскиот клуб се истакна со своите настапи претходниот месец, постигнувајќи четири гола на три натпревари и забележувајќи една асистенција, а посебно се памети неговиот атрактивен погодок на дуелот со Шефилд Јунајтед.

Муњиз е само трет фудбалер на Фулам кој го добил признанието и прв по пауза од долги 14 години.

Претходно, како Играч на месецот беше прогласен голманот Марк Шварцер и тоа во февруари 2010 година, а прв член на Фулам кој стигнал до наградата е Луис Саха, во август 2001 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни