Поврзете се со нас

Светски првенства

Награда за тоа што ја неутрализираа Италија: Швајцарците испратија 9,3 килограми чоколадо во Северна Ирска (ВИДЕО)

Објавено

на

Репрезентацијата на Швајцарија начин на драматичен начин дојде до билет за Светското првенство и тоа откако во завршното коло оствари убедлива победа над Бугарија.

Во оваа ситуација голема работа им заврши Северна Ирска која на домашен терен ја неутрализира Италија, односно резултатот 0-0 го однесе европскиот шампион во баражот иако пред последното коло беше во пол позиција за првото место во групата.

Швајцарците одлучија да и се заблагодарат на Северна Ирска, па преку селекторот Мурат Јакин испратија 9,3 килограми чоколадо во Белфаст. Во видеото се гледа како Јакин ја пее песната „Sweet Caroline“ која често „ечи“ кога се во прашање дуелите на Ирците.

Кога е во прашање количината за чоколадо и тука има симболика, има по 100 грама за секоја минута која островјаните ја издржале да не примат гол против Италија.


Реклама
Реклама
Реклама

Популарни