Награда за одличните изданија: Јаховиќ се најде во тимот на месецот во Супер лигата (ФОТО)

adi1

Македонскиот интернационалец, Адис Јаховиќ игра одлично во дресот на Јени Малатијаспор во првата лига на Турција, па за своите партии собира и признанија.

Имено тој се најде во идеалниот тим на месецот во Супер лигата, односно заедно со Александер Шорлот од Трабзонспор го предводат нападот во формацијата 4-4-2. Адис во октомври беше стрелец на пет голови на три натпревари, четири пати ја начна мрежата на Денизлиспор, а во истата на стрелци се запиша и против Кајзериспор.

Да потсетиме поранешниот македонски репрезентативец се наоѓа на првото место на листата на стрелци во Суперлигата заедно со Папис Сисе од Аланијаспор (девет голови).

jahovic-tim na mesecot

Facebook Коментари