Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Награда за одличната партија против „зебрите“: Дибиров е во идеалната постава на колото во ЛШ (ВИДЕО)

Објавено

на

Ракометарот на Вардар, Тимур Дибиров се најде во идеалната постава на колото во Лигата на шампионите.

Медиа тимот на ЕХФ ја состави најдобрата седумка, а на позицијата лево крило е кој друг ако не Дибиров кој во пресметката против Кил во Скопје десетпати ја затресе мрежата на германскиот прволигаш. Во одбраното друштво има место за уште едно има кое е познато за скопската публика и навивачите на „црвено-црните“, тоа е Калифа Гедбан кој сега го чува голот на Динамо Букурешт.

Останатите позиции ги пополнуваат соиграчот на Никола Митервски од Порто, левиот бек Иван Слишковиќ, потоа Тобиас Грондал од Елверум, Теитур Орн Еинарсон од Флензбург, Алеиш Гомез од Барселона и кружниот напаѓач Владимир Врањеш од Мешков Брест.

ОВДЕ можете да го погледнете најдобриот состав на изминатава рунда.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни