Поврзете се со нас

Италија

Награда за одличите резултати: Милан спрема нов договор за Пиоли

Објавено

на

Италијанскиот вицешампион Милан сака да ја продолжи соработката со тренерот Стефано Пиоли.

Пиоли успеа да го врати Милан на посакуваните патеки, минатата кампања го донесе клубот до второто место во Серија А, а со тоа автоматски му дада можност по подолга пауза одново да игра во Лигата на шампионите.

Во актуелнава кампања „росонерите“ исто се одлични, во домашниот шампионат имаат најдобар старт уште од натпреварувачката 2003-04, додека во ЛШ ги загубија дуелите против Ливерпул и Атлетико Мадрид, меѓутоа екипата покажа дека може да се надигрува и да се носи со тимови кои веќе со години се тука и доаѓаат до самиот крај.

Сето ова управата на клубот сака да ги награди, поточно да го „врзе“ Пиоли и во наредните години. Според „Милан Њуз“ раководството е задоволно и ќе седне на маса со стратегот за да се продолжи актуелниот договор кој е со важност до 2022 година.

Пиоли за 15 дена ќе го прослави 56 роденден, а во досега на клупата на гигантот од Милано има учинок од 56 победи, 23 нерешени и 18 порази.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни