Поврзете се со нас

Свет

Награда за квалитетните изданија: Поповски потпиша нов договор со Амичитија Цирих

Објавено

на

foto:www.facebook.com/GCAmicitia

Македонското десно крило, Мартин Поповски и во иднина ќе го носи дресот на швајцарскиот прволигаш Амичитија Цирих.

Тој од 2020 е дел од оваа екипа и од година во година е се подобар, позначаен играч, па во актуелнава сезона е и прв стрелец на екипата со 108 голови на 21 натпревар во шампионатот.

-Многу сум среќен поради продолжувањето на договорот. Во последните години успеавме да се наметнеме меѓу четирите најдобри тимови во Швајцарија. Се надевам и убеден сум дека можеме да продолжиме со овој позитивен развој, па дури и да ги нападмене водечките три позиции во иднина, -порача Поповски кој според новиот договор треба да остане во оваа средина до 2026 година.

foto: www.gc-amicitia.ch/

Инаку ова за Мартин е прво искуство надвор од Македонија, на домашен терен тој беше дел од Текстилец, Вардар Јуниор, Вардар и Пролет.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни