Награда за хуманоста: Напаѓач на Венло доби едноминутен аплауз од навивачите на ПСВ и беше прогласен за играч на натпреварот иако не играше (Видео)

lenart-venlo-8328932

Напаѓачот на Венло Ленарт Тај го пропушти денешното гостување против ПСВ Ајндховен за да му помогне на пациент болен од акутна леукемија, по што беше прогласен за играч на натпреварот.

ВВВ-Венло загуби со 3:0, но 26-годишниот играч беше во центарот на вниманието, иако воопшто не беше на стадионот. Тај за денеска имаше закажано донација на матични клетки во обид да му помогне пациентот, откако дознал дека неговата ДНК одговара на болниот.

Навивачите на ПСВ, исто така, организираа едноминутен аплауз за напаѓачот на Венло.

Facebook Коментари