Поврзете се со нас

Германија

Нагелсман за новиот тренер на Баерн: Добро е што клубот…

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Баерн Минхен е на добар пат да го затвори најважното прашање, а тоа е околу наследникот на Томас Тухел.

Баварците посакуваа многу порано да ја затворат оваа тема, да го потврдат новиот тренер, но бие одбиени од неколку стратези, потоа отпадна и комбинацијата Тухел да продолжи за да сега се чини конечно се добие разрешница со назначување на Венсан Компани.

Медиумите пренесуваат дека се е договорено и додека се очекува официјална потврда, актуелниот германски селектор Јулијан Нагелсман даде коментар за потегот кој го повлече поранешниот клуб.

-Слушнав дека тој е многу добар тренер со извонредни перспективи, имаше многу добри тренери кои го тренираа, така што ќе биде добар.

-На крајот, добро е за клубот што овој пат не ја освои шампионската титула. Мислам дека не е лоша ситуација за млад тренер кој може да остави свој белег. Кој, мислам, може да промени повеќе отколку ако повторно го освоеше шампионатот или беше исклучително успешен, -порача Нагелсман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни