Поврзете се со нас

Германија

Нагелсман за неверојатното прво полувреме на Баерн: Звучи чудно, но резултатот не беше реален

Објавено

на

Баерн Минхен одигра извонреден фудбал во првото полувреме и во нестварни седум минути постигна дури четири гола во мрежата на Баер Леверкузен, а заедно со првиот гол постигнат уште во четвртата минута, германскиот првак замина со неверојатна предност на полувреме.

Големото дерби во Бундеслигата практично беше решено по 45 минути игра и второто беше обична рутина за гостите од Минхен, кој во обид да ја задржат предноста, на крајот примија еден гол за конечни 1:5.

Јавноста во Германија остана воодушевени од супер офанзивниот фудбал на Баерн во првиот дел, период од играта кој Нагелсман го означи како перфектен во секој поглед.

– Имавме неверојатен број на добри ситуации во првото полувреме и имавме сензационална контрола на топката. Леверкузен не можеше да направи ништо во првиот дел. Звучи чудно, но резултат 5:0 не е реален, можевме да дадеме шест, седум или осум гола во првото полувреме.

– Имавме три стопроцентни шанси покрај головите, а во вториот дел, сосема очекувано бевме доста помирни и двата тима се смирија. Се што не направивме добро против Франкфурт, денеска го направивме одлично. Супер резултат за едно дерби, – изјави Нагелсман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни