Поврзете се со нас

Германија

Нагелсман за „нетрпеливоста“ на Баерн: Клоп доби пет години без титула во Ливерпул

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/dfb_team

Јулијан Нагелсман беше отпуштен од Баерн Минхен во текот на претходната сезона, а неговото место го зазема Томас Тухел, за кој пак веќе е потврдено дека ќе ја напушти функцијата по крајот на сезоната.

Актуелниот германски селектор за „Шпигел“ говорел на темата Баерн и посочил дека бундеслигашкиот великан не им дава доволно време на своите тренери.

– Бев доведен во Баерн со желба и цел да бидат променети одредени работи.

– Има клубови кои ти даваат време, Јирген Клоп беше во Ливерпул пет години пред да ја освои првата титула. Пеп Гвардиола стана европски првак со Манчестер Сити по седум години на функцијата. Тренерите во Баерн не добиваат доволно време за да развијат проект, – изјавил Нагелсман.

Тој на едноставен начин го опишал и поводот за отказ во редовите на баварскиот клуб.

– Загубивме предност од девет бода во однос на Борусија, додека Тухел беше достапен и така работите завршија како што завршија, – вели Нагелсман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни