Поврзете се со нас

Европски првенства

Нагелсман за барањата за промена во нападот на Германија: Не се работи само за давање гол…

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Германија вечерва ја пречекува Данска во вториот меч од нокаут фазата на 17. Европско првенство.

Германците како домаќините дефинитивно ја имаат улогата на фаворити, ама тоа ќе треба да се потврди на теренот против борбените и незгодни Данци кои се навистина сериозна репрезентација.

Јулијан Нагелсман сите три натпревари ги започна со ист состав, па иако беа освоени седум од девет бодови има одредени барања од јавноста за промени во стартниот тим и тоа во нападот каде се бара Никлас Филкруг да го заземе местото на Каи Хаверц.

Хаверц има само еден погодок и тоа од пенал против Шкотска, додека членот на Дортмунд двапати се запишна во листата на стрелци иако имаше скромна минутажа како резервист.

-Ако се погледне однадвор, разбирливо е барањето за Филкруг, иако Каи е многу полошо оценет во јавноста. Има чиста работа на многу натпревари, што значи дека нема многу акции со топка бидејќи треба да создаде простор за другите.

-Тоа го прави исклучително добро. Во интерното оценување Каи е многу повисоко рангиран отколку во јавноста. За напаѓачот не е секогаш само постигнување гол. Ако сте заменети и противникот е веќе уморен, можеби ќе имате малку повеќе простор. Филкруг има добар рејтинг, но Каи е важен играч за нас. Ќе видиме кој ќе започне [против Данска], -порача Нагелсма.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни