Поврзете се со нас

Германија

Нагелсман со прв јавен коментар за иднината на Вернер, Ливерпул на готовс…

Објавено

на

blank

Тимо Вернер долго време се поврзува со трансфер во редовите на веројанто новиот англиски шампион, Ливерпул.

Јирген Клоп е голем љубител на играта на напаѓачот кој блеска во дресот на Ред Бул Лајпциг веќе неколку сезони.

24 годишниот фудбалер има откупна клаузула од 60 милиони евра која барем засега од Ливерпул не планираат да ја активираат и се подготвени да платат за играчот најмногу  40 милиони евра.

Сепак, последните зоброви на тренерот на Лајпциг, Јулијан Нагелсман и тоа како ќе ги поттикне челниците на Ливерпул, но и на другите тимови заинтересирани за Вернер да се впуштат во акција за негов ангажман.

– Нема ништо што може да сториме за неговата иднина. Тој знае што има во Лајпциг и исто така знае каков е неговиот однос со мене.

– Му го покажувам тоа, постојано добива многу шанси да напредува. Не знам дали ќе помогне ако постојано му повторувам за тоа што го добива во овој клуб.

– Играчот мора да чувствува дека може да игра подобро. Ако не го чувствува тоа нема да прави ништо добро на теренот. Ако продолжам да му кажувам дека сакаме да остане, можеби ќе се опушти.

– На крајот, тоа е негов живот, негова кариера и само тој одлучува каде ќе заврши. Не мислам дека треба да му кажам нешто ново на Тимо, -изјави Нагелсман кој меѓу редови потврди дека не може да го убеди Вернер да остане во Лајпциг барем уште една сезона.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни