Поврзете се со нас

Германија

Нагелсман со коментар за изјавата на Матеус кој го поврза со преговори со Баерн Минхен

Објавено

на

Најавеното заминување на Ханси Флик од Баерн Минхен ги отвори шпекулациите за тоа кој ќе биде негов наследник на тренерската позиција во редовите на германскиот великан.

Едно од имињата кои се споменуваат е тоа на актуелниот тренер на РБ Лајпциг, Јулијан Нагелсман, кој зад себе има одлични резултати, а сезонава останува во трката за титулата во Бундеслигата.

Лотар Матеус синоќа изјавил дека Баерн ги почнал преговорите со Нагелсман, но тренерот демантира.

– Немало и ќе нема преговори со Баерн, не знам од каде му се тие шпекулации на Матеус. Ова важи и за моите агенти, – изјавил Нагелсман.

33-годишниот тренер има договор со РБ Лајпциг до 2023 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни