Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Нагелсман со интересен коментар пред дуелот со Јунајтед: Ќе му влезам со лизгачки старт на Солскјер

Објавено

на

blank

Манчестер Јунајтед и Ред Бул Лајпциг вечерва на „Олд Трафорд“ ќе го одиграат вториот натпревар од групната фаза во новата сезона од Лигата на шампионите.

Се очекува натпреварот да понуди многу возбудувања поради стилот на игра на двете екипи кои негуваат напаѓачки фудбал.

Пред средбатана „Олд Трафорд“ интересен коментар даде младиот стратег на Лајпциг, Јулијан Нагелсман кој истакна дека прво нешто што ќе стори е дека ќе му влезе „клизачи“ на Оле Гунар Солскјер поради тоа што му го скршил срцето во 1999 година.

Солскјер во финалето од Лигата на шампионите против Баерн Минхен постигна погодок за голема радост на „ѓаволите“ и победа во епскиот пресврт кој се уште се памети.

– Првата работа што ќе ја направам е ќе му влезам „клизачи“ на Оле утре. Не бев најсреќната личност тогаш. Татко ми беше навивач на Мехенгладбах во тоа време и малку ме нервираше. Беше среќен што Баерн не победи. Јас не бев толку среќен.

– И покрај тоа јас ќе се поздравам со Оле Гунар Солскјер на нормален начин и повеќе нема да му бидам лут, -изјави низ шега Нагелсман потсетувајќи се на неверојатниот момент од 1999 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни