Поврзете се со нас

Германија

Нагелсман шокиран од скандалозната анкета во Германија: Треба да ставиме прст на глава, мора да се разбудиме како нација

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Најавата за Европското првенство носи позитивни вибрации во Германија поради тоа што оваа земја е домаќин, но сепак една анкета која ја направи една национална телевизија предизвика скандал во јавноста.

Телевизиската куќа „АРД“ соопшти дека 21 посто од испитаниците во нивната анкета одговориле дека сакаат повеќе фудбалери со бела кожа во германскиот национален тим, а овие бројки кои беа јавно соопштени од анкетата предизвика гнев кај играчите и селекторот Нагелсман.

Скандалозната анкета е оценета како расистичка не целосно непотребна од сите членови на репрезентацијата, па по Џошуа Кимих, со свој став се јави и Нагелсман.

– Непријатно сум изненаден од прашањата кои им се поставуваат на луѓето. Уште повеќе ме шокираа одговорите на дел од испитаниците во анкетата. Тоа е расистички и мора да се разбудиме како нација.

– Мора да ставиме прст на глава и да се запрашаме што правиме со такви работи и која е целта на таква анкета. Бизарно ми е кога ние како луѓе одиме на различни дестинации за да запознаеме други култури, а потоа се жалиме од тоа што го имаме дома. Секој е добредојден во мојот тим, се надевам дека никогаш повеќе во животот нема да видам ваква анкета, – изјавил нервозниот Нагелсман.

Кимих лут по контроверзна анкета: За вакво нешто нема место во соблекувалната на Германија

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни