Поврзете се со нас

Лига на нации

Нагелсман шокиран од хрватскиот судија: Му поставив само едно прашање (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Германија испушти победа во Будимпешта во финишот од мечот со Унгарија, откако после долги прегледи, главниот судија реши да досуди пенал за играњето со рака на Кох.

Иако стоперот на Германија немаше никаква намера, главниот судија беше повикан од ВАР да ја прегледа ситуацијата, по што Хрватот Дује Струкан покажа на белата точка.

Собослаи мангупски го изведе пеналот во 99-та минута и израмни на 1:1, па иако стануваше збор за меч кој нема големо резултатско значење за Германија, Јулијан Нагелсман остана бесен од исходот и двојните аршини на УЕФА.

Судиите не досудија пенал за поочигледно играње со рака на Кукурелја во четвртфиналето меѓу Германија и Шпанија на Европското првенство, а сега за доста поспорна ситуација беше покажано на белата точка.

– Му поставив само едно прашање на судијата. Го прашав дали го гледаше нашиот меч против Шпанија на Европското првенство. Не го сфати моето прашање, не ме сфати што сакам да кажам….

– За мене ова не е пенал во било која ситуација. Робин Кох се одрази и ја привлекуваше раката кон своето тело, за мене ова никогаш не може да биде пенал. Вистинско лудило е тоа што се вмеша ВАР, дури и со 47 повторувања, ова не е пенал. Едвај чекам да видам какво соопштение ќе извади УЕФА за оваа одлука, – изјави Нагелсман.

Видеото погледнете го ТУКА

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни